Vila Ridos House
BLACK FRIDAY ПОПУСТИ И АКЦИИ
До 30% попуст за одбрани термини, за резервации со 50% уплата веднаш и доплата до 30.11.2026
Висината на попустот е прикажана во ценовникот
ЦЕНИ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО БЕЗ ПРЕВОЗ ЗА 7 НОЌИ
Вила Ridos House е современо уреден објект во Неос Мармарас, во непосредна близина на морскиот брег и на околу 100–130 метри од градската плажа. Во околината има супермаркет, пекара, таверни, ресторани и кафулиња, а центарот е на кратка пешачка оддалеченост. Локацијата овозможува практичен престој со лесен пристап до плажата и до содржините на местото. Вилата нуди двокреветно студио Еко, студија со капацитет до четири лица и мезонети на две нивоа со капацитет до пет лица. Различните типови сместување овозможуваат избор за парови, семејства и помали друштва. Вилата располага со 10 сместувачки единици:
- 1 двокреветно студио Еко 1/2, на прв кат бр.101
- 5 студија 1/2+2, на прв и втор кат, со капацитет до четири лица бр.102, 103, 104, 202 и 204
- 2 студија 1/2+2 во приземје – Д1 и Д2, со капацитет до четири лица и користење заеднички двор
- 2 мезонети 1/2+3, со влез од вториот кат, распоредени на две нивоа и со капацитет до пет лица бр.201 и бр.203
Сместувачките единици располагаат со:
- Сопствена бања со туш и тоалет
- Кујнски дел со фрижидер, плоча за готвење, аспиратор и основен прибор за подготовка на лесни јадења
- Smart телевизор
- Wi-Fi интернет
- Клима-уред, вклучен во цената
- Гардеробер
- Балкон или тераса
- Постелнина и пешкири
Студијата Д1 и Д2 делат двор со простор за седење, пергола и скара. Користењето на дворот и скарата е наменето само за гостите сместени во овие две единици. Во близина има јавни места за паркирање. Паркинг-место не се резервира и зависи од расположливоста.
Студијата 102, 104, 202 и 204 се ориентирани кон задниот дел на објектот. Оваа ориентација не подразбира користење на дворот на Д1 и Д2.
Категоријата се избира при резервација, согласно ценовникот и расположливоста. Ознаките 1/2+2 и 1/2+3 го означуваат капацитетот со основни и дополнителни места за спиење.
Сместувањето е на база наем на студио или мезонета, без оброци. Постелнината и пешкирите се обезбедени, а нивната замена се врши според организацијата на објектот. Секојдневната хигиена во сместувачката единица за време на престојот ја одржуваат гостите.
Координати од вилата: 40.091161, 23.788210
|
Вила „Ridos House“– Неос Мармарас Цените се дадени за наем на студио/апп |
|||||
|
Период |
Ноќи |
1/2 ЕСО стд |
1/2+2 стд GF |
1/2+2 стд |
1/5 Maisonette |
|
15.05.2027 – 22.05.2027 |
7 |
239 168 |
304 213 |
327 229 |
363 255 |
|
22.05.2027 – 29.05.2027 |
7 |
300 210 |
383 269 |
411 288 |
456 320 |
|
29.05.2027 – 05.06.2027 |
7 |
419 294 |
534 374 |
574 402 |
637 446 |
|
05.06.2027 – 12.06.2027 |
7 |
536 376 |
534 374 |
735 515 |
816 572 |
|
12.06.2027 – 19.06.2027 |
7 |
719 612 |
916 779 |
985 838 |
1094 930 |
|
19.06.2027 – 26.06.2027 |
7 |
767 652 |
978 832 |
1051 894 |
1167 992 |
|
26.06.2027 – 03.07.2027 |
7 |
743 632 |
947 805 |
1018 866 |
1130 961 |
|
03.07.2027 – 10.07.2027 |
7 |
799 640 |
1019 816 |
1095 876 |
1216 973 |
|
10.07.2027 – 17.07.2027 |
7 |
826 661 |
1053 843 |
1132 906 |
1256 1005 |
|
17.07.2027 – 24.07.2027 |
7 |
887 710 |
1131 905 |
1215 972 |
1349 1080 |
|
24.07.2027 – 31.07.2027 |
7 |
887 710 |
1131 905 |
1215 972 |
1349 1080 |
|
31.07.2027 – 07.08.2027 |
7 |
887 710 |
1192 954 |
1281 1025 |
1422 1138 |
|
07.08.2027 – 14.08.2027 |
7 |
935 842 |
1192 1073 |
1281 1153 |
1422 1280 |
|
14.08.2027 – 21.08.2027 |
7 |
935 842 |
1192 1073 |
1281 1153 |
1422 1280 |
|
21.08.2027 – 28.08.2027 |
7 |
935 842 |
1131 1018 |
1215 1094 |
1349 1215 |
|
28.08.2027 – 04.09.2027 |
7 |
887 799 |
901 811 |
969 873 |
1075 968 |
|
04.09.2027 – 11.09.2027 |
7 |
707 |
684 |
735 |
816 |
|
11.09.2027 – 18.09.2027 |
7 |
536 |
488 |
525 |
582 |
|
18.09.2027 – 25.09.2027 |
7 |
383 |
380 |
377 |
418 |
|
25.09.2027 – 02.10.2027 |
7 |
275 |
X |
X |
X |
|
Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари. |
|||||
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE КРЕДИТ
Промотивната цена веќе го содржи попустот. Попустите не се комбинираат.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- 7 ноќевања во избраната категорија студио или апартман;
- Користење клима-уред;
- Користење Wi-Fi интернет;
- Користење на опремата во сместувачката единица;
- Постелнина и пешкири.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Автобуски превоз;
- Патничко осигурување;
- Туристичка такса, која се плаќа на лице место при сместувањето;
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ – СО ДОПЛАТА - Повратен автобуски превоз:
- Возрасни: 50 € по лице;
- Деца до 12 години: 40 € по лице;
- Деца до 2 години: бесплатно, без сопствено седиште.
- Приклучување на превозот: Скопје, Велес, Неготино, Смоквица, Гевгелија, според распоредот на агенцијата.
- Точните места и часови на поаѓање и враќање се соопштуваат пред патувањето.
ЦЕНИ И УСЛОВИ
- Цените се дадени за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, согласно предвидениот капацитет.
- Автобускиот превоз не е вклучен во цените од табелата.
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
- Датумите во ценовникот го означуваат периодот на престој, од пристигнување до напуштање на сместувачката единица.
- При резервација се избира категоријата на сместување, според расположливоста.
- Бројот и составот на гостите треба да одговараат на предвидениот капацитет на избраната категорија.
- На веќе прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен промотивен попуст.
ПОПУСТ ЗА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ
- За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена.
- Овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
- Категоријата се избира при резервација, согласно ценовникот и расположливоста. Сместувањето е на база наем на студио, без оброци. Постелнината и пешкирите се обезбедени, а нивната замена се врши според организацијата на објектот. Секојдневната хигиена во студиото за време на престојот ја одржуваат гостите.
- Точните часови за пријавување и одјавување се наведуваат во потврдата за резервација и се однесуваат на локалното време во Грција.
- Пешачкиот пристап до плажата вклучува скали и висинска разлика.
- Кујните се наменети за подготовка на лесни јадења, со опрема според категоријата на сместување.
- Фотографиите прикажуваат повеќе сместувачки единици и служат за општ впечаток за објектот. Изгледот, мебелот и распоредот може да се разликуваат меѓу единиците.
- Конкретниот поглед и положбата на сместувачката единица се потврдуваат при резервацијата.
- Квалитетот, брзината и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови.
- За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест.
- Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.
- Секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.
- Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не претставува основа за враќање на разликата за претходно уплатени резервации.
- За аранжманот важат Општите услови за патување

