Vila M&B Suites

 

 

 

 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.

“M&B Suites” се наоѓа во мирен дел на градот на само 50 метри од градската плажа. Вилата располага со три четворокреветни студија и едно трокреветно студио. Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Комплетно опремена кујна, клима (вклучена во цена), сопствено купатило, тераса и сопствен паркинг.Чистењето на апартманот и менување на постелнина и пешкири е секоја среда.

 

Вила “M&B Suites” – Јерисос

Цените во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања

Период

Ноќи

1/3 студио

1/4 студио

 

23.05.2027 – 30.05.2027

7

250

300

 

30.05.2027 – 06.06.2027

7

300

350

 

06.06.2027 – 13.06.2027

7

340

390

 

13.06.2027 – 20.06.2027

7

450

490

 

20.06.2027 – 27.06.2027

7

540

590

 

27.06.2027 – 04.07.2027

7

640

690

 

04.07.2027 – 11.07.2027

7

680

730

 

11.07.2027 – 18.07.2027

7

780

830

 

18.07.2027 – 25.07.2027

7

1000

1050

 

25.07.2027 – 01.08.2027

7

1000

1050

 

01.08.2027 – 08.08.2027

7

1000

1050

 

08.08.2027 – 15.08.2027

7

1000

1050

 

15.08.2027 – 22.08.2027

7

1000

1050

 

22.08.2027 – 29.08.2027

7

1000

1050

 

29.08.2027 – 05.09.2027

7

840

890

 

05.09.2027 – 12.09.2027

7

640

690

 

12.09.2027 – 19.09.2027

7

440

490

 

19.09.2027 – 26.09.2027

7

250

300

 

26.09.2027 – 03.10.2027

7

200

250

 

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

 

.МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE КРЕДИТ

 

Опис на апартманите:

Студио бр.1 - располага со голем брачен кревет и софа која не се пушта. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 10 години или 3 возрасни лица. (Purple color/front на сликите)

Студио бр.2 - располага со голем брачен кревет и дупла софа на пуштање. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 4 возрасни лица.

Студио бр.3 - располага со голем брачен кревет и дупла софа на пуштање. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 4 возрасни лица.

Студио бр.4 - располага со голем брачен кревет и дупла софа на пуштање. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 4 возрасни лица.

Плаќање и резервација:

  • За потврда на резервацијата, задолжителна е целосна уплата на износот со пресметан попуст.
  • Усни резервации не се прифаќаат.
  • Важи принципот „Прв дојден, прв услужен“.
  • Бројот на апартмани е ограничен.
  • По потврдувањето на резервацијата, не е дозволена промена на терминот на престојот или на името на патникот.

Услови за отказ: 

  • При отказ на аранжманот повеќе од еден месец пред поаѓањето (до 30дена), се задржуваат 10% од вредноста на аранжманот како трошок за отказ, односно не се применуваат стандардните услови објавени на ВЕБ страната.
  • При отказ помалку од 29 дена пред поаѓањето, се применуваат стандардните услови за патување на ТА Диме Турс

Цената вклучува:

  • Наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.

Цена за превоз:

  • Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€
  • Деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 

Термините во табелата се денови на поаѓање, состанок на група половина час пред наведеното време.

Град

Место на тргнување

Време

Скопје

улица Македонија - Хотел Бристол

04:00 часот наутро

Велес

Мотел Македонија бенз.Мак.Оил

04:30 часот наутро

Неготино

Бензинска пумпа Макпетрол

05:00 часот наутро

Гевгелија

Бензинска пумпа Окта-Шимов

06:00 часот наутро

 

  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
  • Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

  • Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
  • Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа директно во објектот.
  • Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
  • Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

  • При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
  • Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
  • На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
  • Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
  • Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА

  • Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 50% од вкупната вредност на аранжманот.
  • Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 20 дена пред датумот на поаѓање.
  • Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ

  • Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
  • По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 5,99 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
  • Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ

  • Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
  • Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ

  • Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
  • За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
  • Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
  • Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ

  • Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
  • Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:

  • Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.
  • При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

 

 logo small  
Адреса: Столарска, Локал 8 Комплекс БЕЗИСТЕН
Битола 7000 Македонија
Телефон: +389 47 609 202
Мобилен: +389 78 662 760
За итни случаеви: +389 75 590 372
e-mail: dimeturs@gmail.com
Website:
www.dimetours.mk