Vila M&B Boutique
Неа Рода е мало, но живописно село на североисточниот брег на Халкидики, Грција. Се наоѓа на потегот на полуостровот Атос, во близина на морето, и е познато по својата природна убавина и мирна атмосфера. Неа Рода има пристап до прекрасни плажи, со кристално чисто море и спокојни води, идеално за одмор и рекреација.
Вила M&B Boutique се наоѓа во централниот дел на градот на само 70 метри од градската плажа. Вилата располага со четворокреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Кујна опремена со: кујнски прибор, апарат за кафе/нескафе, тостер, електричен бокал за вода, фрижидер. Во кујните нема шпорет. Клима (вклучена во цена), тоалет опремен со сите средства за лична хигиена, пешкири, тераса и паркинг. Секојдневно чистење на собите. Во цената е вклучено неограничено користење на кафе, двопек, путер, џем, мед, млеко за кафе и вода за добредојде. Менување на пешкири и постелнина е секоја среда.
|
Вила „ M&B Boutique“ – Неа Рода Цените во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања |
||||
|
Период |
Ноќи |
1/4 студио |
1/4 апартман |
|
|
23.05.2027 – 30.05.2027 |
7 |
250 |
300 |
|
|
30.05.2027 – 06.06.2027 |
7 |
300 |
350 |
|
|
06.06.2027 – 13.06.2027 |
7 |
350 |
450 |
|
|
13.06.2027 – 20.06.2027 |
7 |
390 |
590 |
|
|
20.06.2027 – 27.06.2027 |
7 |
590 |
790 |
|
|
27.06.2027 – 04.07.2027 |
7 |
690 |
890 |
|
|
04.07.2027 – 11.07.2027 |
7 |
790 |
990 |
|
|
11.07.2027 – 18.07.2027 |
7 |
890 |
1190 |
|
|
18.07.2027 – 25.07.2027 |
7 |
990 |
1290 |
|
|
25.07.2027 – 01.08.2027 |
7 |
990 |
1290 |
|
|
01.08.2027 – 08.08.2027 |
7 |
990 |
1290 |
|
|
08.08.2027 – 15.08.2027 |
7 |
990 |
1290 |
|
|
15.08.2027 – 22.08.2027 |
7 |
990 |
1290 |
|
|
22.08.2027 – 29.08.2027 |
7 |
990 |
1290 |
|
|
29.08.2027 – 05.09.2027 |
7 |
890 |
1090 |
|
|
05.09.2027 – 12.09.2027 |
7 |
690 |
890 |
|
|
12.09.2027 – 19.09.2027 |
7 |
490 |
690 |
|
|
19.09.2027 – 26.09.2027 |
7 |
300 |
390 |
|
|
26.09.2027 – 03.10.2027 |
7 |
200 |
300 |
|
|
Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари. |
||||
.МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE КРЕДИТ
Опис на апартманите:
1/4 студио - бр. 101 - се наоѓа на приземје и излегува во самиот двор. Студиото располага со брачен кревет, софа и фотеља на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години
1/4 студио - бр. 205 - се наоѓа на прв спрат. Студиото располага со брачен кревет,софа и фотеља на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години
1/4 студио - бр. 305 - се наоѓа на втор спрат со поглед на море. Студиото располага со брачен кревет, софа и фотеља на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години
1/4 апартман - бр. 204 - се наоѓа на прв спрат. Апартманот располага со две големи простории. Во првата просторија има брачен кревет, во втората просторија има два големи единечни споени кревети, кујна, тоалет и балкон кој излегува од двете простории. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години.
1/4 апартман - бр. 304 - се наоѓа на втор спрат. Апартманот располага со две големи простории. Во првата просторија има брачен кревет, во втората просторија има два големи единечни споени кревети, кујна, тоалет и балкон кој излегува од двете простории. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години
Плаќање и резервација:
- За потврда на резервацијата, задолжителна е целосна уплата на износот со пресметан попуст.
- Усни резервации не се прифаќаат.
- Важи принципот „Прв дојден, прв услужен“.
- Бројот на апартмани е ограничен.
- По потврдувањето на резервацијата, не е дозволена промена на терминот на престојот или на името на патникот.
Услови за отказ:
- При отказ на аранжманот повеќе од еден месец пред поаѓањето (до 30дена), се задржуваат 10% од вредноста на аранжманот како трошок за отказ, односно не се применуваат стандардните услови објавени на ВЕБ страната.
- При отказ помалку од 29 дена пред поаѓањето, се применуваат стандардните услови за патување на ТА Диме Турс
Цената вклучува:
- Наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.
Цена за превоз:
- Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€
- Деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€
- Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
|
Термините во табелата се денови на поаѓање, состанок на група половина час пред наведеното време. |
||
|
Град |
Место на тргнување |
Време |
|
Скопје |
улица Македонија - Хотел Бристол |
04:00 часот наутро |
|
Велес |
Мотел Македонија бенз.Мак.Оил |
04:30 часот наутро |
|
Неготино |
Бензинска пумпа Макпетрол |
05:00 часот наутро |
|
Гевгелија |
Бензинска пумпа Окта-Шимов |
06:00 часот наутро |
- Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
- Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА
ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
- Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
- Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа директно во објектот.
- Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
- Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.
ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ
- При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
- Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
- На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
- Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
- Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.
РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА
- Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 50% од вкупната вредност на аранжманот.
- Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 20 дена пред датумот на поаѓање.
- Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.
СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ
- Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
- По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 5,99 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
- Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.
ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ
- Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
- Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.
ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ
- Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
- За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
- Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
- Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.
ПАТНИ ДОКУМЕНТИ
- Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
- Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.
ВАЖНО:
- Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.
- При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

