Vila Maria Pashalidou

 

20 % попуст за првата и последната смена, за сите останати смени попустот е 10 %

За резервација и целосна уплата до 25.12.2026 год

 

 

Vila Maria Pashalidou е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар,на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Во вилата располагаме со трoкреветни апартмани на прв и на втор спрати со петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека...

Координати на вилата: 40.3813689,23.9257259

 

Вила “Maria Pashalidou” – Неа Рода

Цените се дадени за наем на стд/апп

Период

Ноќи

1/3 апп

1/5 дуплекс апп

 

29.05.2027 – 05.06.2027

7

245

350

 

05.06.2027 – 12.06.2027

7

315

420

 

12.06.2027 – 19.06.2027

7

385

490

 

19.06.2027 – 26.06.2027

7

455

560

 

26.06.2027 – 03.07.2027

7

525

630

 

03.07.2027 – 10.07.2027

7

595

700

 

10.07.2027 – 17.07.2027

7

665

805

 

17.07.2027 – 24.07.2027

7

735

875

 

24.07.2027 – 31.07.2027

7

735

875

 

31.07.2027 – 07.08.2027

7

735

875

 

07.08.2027 – 14.08.2027

7

735

875

 

14.08.2027 – 21.08.2027

7

735

875

 

21.08.2027 – 28.08.2027

7

665

805

 

28.08.2027 – 04.09.2027

7

525

630

 

04.09.2027 – 11.09.2027

7

385

490

 

11.09.2027 – 18.09.2027

7

315

420

 

18.09.2027 – 25.09.2027

7

245

350

 

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

 

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE КРЕДИТ

 

Опис на апартманите:

Апартман бр.3 (прв спрат) - со една посебна спална соба со 3 единечни кревети одделена со врата од кујната и тераса со директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Апартман бр.5-I (прв спрат) - со една посебна спална соба со 3 единечни кревети одделена со врата од кујната и тераса со директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Апартман бр.6 (прв спрат) - дуплекс апартман со две посебни спални соби ( во едната има нормален брачен кревет, а во втората 3 одвоени единечни кревети)и целосно издвоена кујна. Терасата е со страничен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Апартман бр.2 (втор спрат) - со една посебна спална соба со 3 единечни кревети одделена со врата од кујната и тераса со директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Апартман бр.5-II (втор спрат) - со една посебна спална соба со 3 единечни кревети одделена со врата од кујната и тераса со директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Напомени:

  • Цените во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 20 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

 

 

 logo small  
Адреса: Столарска, Локал 8 Комплекс БЕЗИСТЕН
Битола 7000 Македонија
Телефон: +389 47 609 202
Мобилен: +389 78 662 760
За итни случаеви: +389 75 590 372
e-mail: dimeturs@gmail.com
Website:
www.dimetours.mk