Сараево

 

 

1 ден – 30.12.26 – Македонија - Босна

Поаѓање од Спортска Сала во Битола во 18 30 часот. Ноќно возење преку Србија, со попатни паузи и царински формалности.

2 ден – 31.12.26 –  Сараево

Пристигнување во Сараево каде следува разглед на градот со локален водич.

Сараево е поделен на 3 дела, Отомански дел каде се наоѓа Башчаршија, Австро-Унгарски дел каде се спојуваат културите и доминираат австро-унгартските градби и Југословенски дел.Кога ќе шетате ќе се почувствувате како да влегувате од град во град.. Сместување во хотел. Дочек на Нова Година. Ноќевање.

3 ден – 01.01.27 – Јабланица - (Битка на неретва) - Изворот И Мостар

Појадок. По појадокот посета на Јабланица каде била битката на Неретва. Денот го завршуваме со посета на Мостар еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина, кој името го добил по чуварите на мостовите на реката Неретва (мостари) на чиј брег е послан градот. Прошетка до Стариот мост ( кој заедно со стариот дел на градот во 2005 е ставен на листата на УНЕСКО), кулата Келебија, Саат кула, Крива Чуприја (еден од најстарите споменици кои датираат од османлискиот период), старата Мостарска чаршија која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва... По завршивање на разгледот слободно време и можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед према “Стариот мост” кој претставува симбол на градот Мостар, но и на Босна и Херцеговина. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден – 02.01.27 – Босански пирамиди - Вишеград - Адриќград - Битола

Појадок. По појадокот посета на Босанските пирамиди. Ќе го посетите тунел Равне. По посетата на Босанските пирамиди заминување кон Вишеград, едно мало градче во Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на сливот на реките Рзав и Дрина. Место каде две култури, два света се спојуваат преку надалеку познатиот Мостот на Дрина, претставен пред светот од Иво Андриќ. Во Вишеград ќе имаме можност да го посетите и Андриќград кој е познат како и Каменград а инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Слободно време за прошетка или Крстарење по Дрина. Заминување кон Македонија.

Хотел со 3* : 129 евра / 8 000 денари

Хотел со 4* : 149 евра / 9 240 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз
  • 2 ноќевања со појадок во Хотел со 3*** или 4 **** Сараево
  • Разглед на Сараево со водич;
  • Посета на Андриќград и Вишеград
  • Туристички придружник за време на целото патување

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Пакет Неретва (Коњиц, Јабланица и Мостар ) – 45 евра
  • Посета на Босански пирамиди- 30 евра
  • Tуристичка такса - (5 евра за 2 ноќевања по лице за
  • хотел 3 *** или 6 евра за 4**** )
  • Крстарење по Дрина- 10 евра од лице
  • Доплата за еднокреветна соба 50 евра за двете ноќевања

Важна напомена:

- Хотелот со 3*** е на 7-8 km од местото за на дочек

- Хотелот со 4**** е во центар - пред самата локација за дочекот

Доколку постои интерес :

- Факултативна посета за организиран дочек во Мостар 31.12.2026 - Жељко Самарџиќ

                                                                                              01.01.2027 - Петар Грашо

Попусти и доплати:

  • Деца од 8 до 11,99 години со 2 возрасни лица – 30 % попуст.
  • Рок за пријава за промо цени до 25.11.2026 ( или до пополнување на местата по промо цена)

Напомени:

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Превозот дали ќе биде со автобус или минибус зависи од бројот на патници.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултати
 logo small  
Адреса: Столарска, Локал 8 Комплекс БЕЗИСТЕН
Битола 7000 Македонија
Телефон: +389 47 609 202
Мобилен: +389 78 662 760
За итни случаеви: +389 75 590 372
e-mail: dimeturs@gmail.com
Website:
www.dimetours.mk