Vila Alexandra

 

25 % попуст за резервации заклучно со 05.12.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш

и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота)

 

 

Вила „Alexandra“се наоѓа на одлична локација и има многу лесен пристап до прекрасната плажа која е на само 5-7 минути пешачење. Располагаме со 2 двокреветни студија, 3 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите студија се реновирани, нови, за најпрoбирливите патници и  располагаат со сопствени балкони, комарници, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Вилата е високо квалитетна и со 9.6 оценка на  Booking.

 

Студио бр. 1 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

Студио бр. 2 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има брачен кревет.

Студио бр. 3 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед позади во дворот на вилата, клима, ТВ, Wi-Fi. Има два француски кревети.

Студио бр.4 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

Студио бр. 5 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има брачен кревет.

Студио бр.7 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед позади во дворот на вилата, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

GPS 40.074853, 23.445719

 

Табела бр. 1

Вила “Alexandra” – Калитеа

Вонсезонски цени

Ноќи

1/2 стд бр. 2 и 5 плаќаат 2

1/3 стд бр. 1, 4 и 7 плаќаат 2

1/4 стд бр. 3 плаќаат 2

16.05.2027 – 23.05.2027

7

89 €

99 €

109 €

23.05.2027 – 30.05.2027

7

99 €

109 €

119 €

30.05.2027 – 06.06.2027

7

159 €

169 €

189 €

06.06.2027 – 13.06.2027

7

199 €

209 €

229 €

13.06.2027 – 20.06.2027

7

259 €

269 €

289 €

20.06.2027 – 27.06.2027

7

269 €

279 €

299 €

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат онолку лица колку што пишува во табелата)

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

Табела бр. 2

Вила “Alexandra” – Калитеа

Сезонски цени

Ноќи

1/2 стд бр. 2 и 5

1/3 стд бр. 1, 4 и 7

1/4 стд бр. 3

27.06.2027 – 04.07.2027

7

599 €

619 €

679 €

04.07.2027 – 11.07.2027

7

639 €

669 €

729 €

11.07.2027 – 18.07.2027

7

679 €

709 €

769 €

18.07.2027 – 25.07.2027

7

719 €

759 €

819 €

25.07.2027 – 01.08.2027

7

749 €

799 €

859 €

01.08.2027 – 08.08.2027

7

719 €

759 €

819 €

08.08.2027 – 15.08.2027

7

689 €

739 €

799 €

15.08.2027 – 22.08.2027

7

689 €

739 €

799 €

22.08.2027 – 29.08.2027

7

669 €

699 €

759 €

* цена за наем на студио

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

 

Табела бр. 3

Вила “Alexandra” – Калитеа

Вонсезонски цени

Ноќи

1/2 стд бр. 2 и 5 плаќаат 2

1/3 стд бр. 1, 4 и 7 плаќаат 2

1/4 стд бр. 3 плаќаат 2

29.08.2027 – 05.09.2027

7

269 €

279 €

299 €

05.09.2027 – 12.09.2027

7

239 €

249 €

269 €

12.09.2027 – 19.09.2027

7

169 €

179 €

199 €

19.09.2027 – 26.09.2027

7

109 €

119 €

129 €

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат онолку лица колку што пишува во табелата)

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

Цените означени со * се промо и на нив не следува попуст и не се одбива за превоз

  

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE КРЕДИТ

 

Напомени:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • Напомена: Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  •  
  • Цена за превоз:
    • За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45 евра)
    • За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Место и време на поаѓање:
    • Скопје – хотел ‘Russia’
    • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
    • Велес – БП Макоил
    • Неготино – БП Макпетрол Неготино
    • ГП Богородица
  • Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 20 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
  • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
  • Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
  • Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.
  • Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

Превоз:

  • ·         Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • ·         Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • ·         Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • ·         Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж агенцијата не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • ·         Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • ·       Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

 

 

 

 

 

 logo small  
Адреса: Столарска, Локал 8 Комплекс БЕЗИСТЕН
Битола 7000 Македонија
Телефон: +389 47 609 202
Мобилен: +389 78 662 760
За итни случаеви: +389 75 590 372
e-mail: dimeturs@gmail.com
Website:
www.dimetours.mk