Vila Bisera
-20% ПОПУСТ за резервации со 50% уплата до 31.12.2026 и целосна доплата до 01.03.2027
Вила Бисера е нов објект лоциран непосредно до еден од влезовите во Полихроно. Оддалеченоста од околу 70м до главната улица која минува крај црквите во Полихроно, како и дополнителните 300м до градската плажа, ја карактеризираат вилата како одличен избор за престој во Полихроно. Овој целосно реновиран објект со квалитетен мебел и инвентар, од минатата година се вброи меѓу најубавите објекти за приватно сместување во ова познатото туристичко летувалиште. Во својот состав објектот располага со повеќе студија и апартмани, распоредени во приземје и трите ката на зградата. Студијата освен со мини кујна опремени се и со дупли и помошен лежај на отварање, кој е соодветен за сместување на дете како трето лице. Апартманите пак имаат посебна спална соба во која се наоѓа дуплиот лежај и дневна соба во која освен одлично опремена кујна има и кауч со фиока (душек) на отварање. Во собата е можно сместување уште на две возрасни лица. Во сите единици од објектот, кујните се комплетно опремени, а креветите и душеците за престој се со хотелски квалитет. Во студијата, како и во апартманите (во двете простории) се инсталирани клима уреди чие користење е бесплатно. Во објектот е овозможено и користење на WiFi интернет. Паркингот е можен на улиците во неговата близина
|
Вила „Бисера“ – ПОЛИХРОНО Цените се дадени за наем на студио/апп |
||||
|
Период |
Ноќи |
1/2 + exb стд |
1/2+2 апп |
1/2+2 апп SV |
|
23.05.2027 – 30.05.2027 |
7 |
169 |
204 |
239 |
|
30.05.2027 – 06.06.2027 |
7 |
216 |
261 |
306 |
|
06.06.2027 – 13.06.2027 |
7 |
256 |
310 |
364 |
|
13.06.2027 – 20.06.2027 |
7 |
304 |
369 |
434 |
|
20.06.2027 – 27.06.2027 |
7 |
332 |
405 |
476 |
|
27.06.2027 – 04.07.2027 |
7 |
364 |
443 |
522 |
|
04.07.2027 – 11.07.2027 |
7 |
399 |
485 |
572 |
|
11.07.2027 – 18.07.2027 |
7 |
418 |
509 |
600 |
|
18.07.2027 – 25.07.2027 |
7 |
503 |
558 |
658 |
|
25.07.2027 – 01.08.2027 |
7 |
503 |
613 |
723 |
|
01.08.2027 – 08.08.2027 |
7 |
503 |
613 |
723 |
|
08.08.2027 – 15.08.2027 |
7 |
503 |
613 |
723 |
|
15.08.2027 – 22.08.2027 |
7 |
479 |
584 |
689 |
|
22.08.2027 – 29.08.2027 |
7 |
437 |
532 |
628 |
|
29.08.2027 – 05.09.2027 |
7 |
399 |
485 |
572 |
|
05.09.2027 – 12.09.2027 |
7 |
364 |
443 |
522 |
|
12.09.2027 – 19.09.2027 |
7 |
306 |
372 |
437 |
|
19.09.2027 – 26.09.2027 |
7 |
239 |
289 |
340 |
|
Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари. |
||||
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE КРЕДИТ
Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови. Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1парче рачен багаж. - Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување
- Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,
- Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат
- Попустот важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот
- Задолжително е патничко осигурување
Автобуски превоз
Цена на повратен автобуски превоз:
- 50 евра за возрасен
- 40 евра за дете 02 до 12 год.
НАПОМЕНА
- Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
- Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот,
- Агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
- Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
- Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
- Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- За резервација на понуда по редовна цена, 50 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21 ден пред поаѓање.
- Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
- Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.


