Vila Christina

 

  

 

 

Вила Христина лоцирана во мирен дел на Ханиоти, идеална за фамилии со мали деца каде спокојот несомнено ќе го најдат овде. Од плажа е одалечена на само 100 метри, а од центарот плоштатчето на Ханиоти е на само 500 метри. Вилата располага со четворокреветни апартмани. Истата е изградена во два блока А блок и Б блок. Апартманите со кои располагаме  се наоѓаат и во двата блока на приземје и први спрат. Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима (бесплатно), wi-fi (чие користење е бесплатно), а дел имаат поглед на море од балкон. Паркирањето вообичаено е на улицата покрај вилата на принцип прво слободно место.

Координати: 40.003261, 23.568102

 

 

Вила „Christina “ – Ханиоти

Период

Ноќи

1/4 Студио

1/4 Апп

16.05.2027 – 23.05.2027*

7

79

79

23.05.2027 – 30.05.2027*

7

109

109

30.05.2027 – 06.06.2027*

7

149

159

06.06.2027 – 13.06.2027*

7

179

189

13.06.2027 – 20.06.2027

7

439

459

20.06.2027 – 27.06.2027

7

469

489

27.06.2027 – 04.07.2027

7

499

519

04.07.2027 – 11.07.2027

7

519

539

11.07.2027 – 18.07.2027

7

599

619

18.07.2027 – 25.07.2027

7

599

619

25.07.2027 – 01.08.2027

7

599

619

01.08.2027 – 08.08.2027

7

599

619

08.08.2027 – 15.08.2027

7

599

619

15.08.2027 – 22.08.2027

7

549

579

22.08.2027 – 29.08.2027

7

509

539

29.08.2027 – 05.09.2027*

7

209

229

05.09.2027 – 12.09.2027*

7

179

189

12.09.2027 – 19.09.2027*

7

159

169

19.09.2027 – 26.09.2027*

7

119

119

Цените означени со црвена * се однесуваат по лице со превоз.
Цените без * се однесуваат за наем на стд/апп.

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

 

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE КРЕДИТ

 

Опис на апартманите:

Апартман бр. А6, бр. А9, бр. А11 и бр. А14 - до 4 лица вкупно, најмногу 4 возрасни. Децата и бебињата се бројат во вкупниот капацитет. Апартманот располага со две простории. Во првата просторија има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица, плакар за алишта, тв, клима уред и излегува на тераса. Во втората просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, шпорет со фурна и аспиратор. Во кујната има два поединечни кревети. Од апартманот се  излегува на тераса со маса и столици и има поглед према море и градина. Апартманот располага со стандардно купатило и вц.

Студио бр. Б1, бр. Б6, бр. Б9 и бр. Б13 - до 4 лица вкупно, најмногу 4 возрасни. Децата и бебињата се бројат во вкупниот капацитет. Студиото располага со една просторија раздвоена со зидана преграда. Во склопот на истата просторија е кујната.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, шпорет со фурна, аспиратор. Има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица и два единечни кревети на спрат комотни за спиење на 2 лица, плакар за алишта, клима уред, TV и излегува на тераса. На прозорите има комарници и на терасите има тенди. Од студиото се излегува на тераса со маса и столици. Студиото располага со стандардно купатило и вц.

Важни напомени

  • За пакет аранжманот во студио потребни се минимум 2 лица.
  • Трето, четврто и петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат.
  • Дете до 02 години не плаќа (бесплатно) не користи седиште во автобус.
  • За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 евра по лице.
  • Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
  • Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
  • Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
  • Кога има акциски попуст,НЕ важи за смените со звездичка;
  • За важечка резервација се смета само со уплата на 50% од целосната вредност на аранжманот;
  • Целосна доплата на аранжманот е 21 пред поаѓање;
  • Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
  • Во случај на промена на цените со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
  • Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
  • Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА или АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
  • Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
  • Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

Апартманите имаат крпи за лице и крпи за тело, имаат тоалетна хартија и сапун. Чистење 2 пати за престој од 7 дена и промена на постелнина 2 пати (еднаш на доаѓање и еднаш додека трае одморот).

Автобуски превоз:
60 € за возрасни – повратна карта;
40 € за деца до 12 години – повратна карта;
40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште)
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР:
БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30€ ПО ЛИЦЕ- ПОВРАТНА КАРТА
ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД

Град

Место на тргнување

Време

Куманово

Бензинска пумпа Макпетрол

03:00 часот наутро

Скопје

Спортска сала Борис Трајковски

04:00 часот наутро

Велес

Мотел Македонија бенз.Мак.Оил

04:30 часот наутро

Кочани

Основен Суд

03:15 часот наутро

Штип

Нова Пошта

04:00 часот наутро

Неготино

Бензинска пумпа Макпетрол

05:00 часот наутро

Гевгелија

Бензинска пумпа Окта-Шимов

06:00 часот наутро

Доплата за трансфер: 25 € по лице од Прилеп и 30 € по лице од Битола

Прилеп

Бензинска пумпа Лукоил

04:00 часот наутро

Битола

Спортска сала

03:15 часот наутро

logo small  

Адреса: Столарска, Локал 8 Комплекс БЕЗИСТЕН
Битола 7000 Македонија
Телефон: +389 47 609 202
Мобилен: +389 78 662 760
За итни случаеви: +389 75 590 372
e-mail: dimeturs@gmail.com
Website: www.dimetours.mk