Apartman Eleni
BLACK FRIDAY 20% ПОПУСТ
на цените во табелата (минимум уплата од 50%) важи до 30.11.2026, со доплата до 31.03.2027
Апартман Eleni е лоциран во непосредна близина на центарот на Неа Мудања. Aпартманот е на приземје на 5 минути од најблиската плажа. Располага со 1/5+2 дуплекс, со 2 одделни спални соби со по 1 француски лежај и фотелја на расклопување за дете до 12 години, од кои се излегува во двор, дневна соба со единечен кревет во продолжение е и комплетно опремена кујна, WC и балкон кој гледа према улица и старнично према море. Околу апартманот има неколку маркети ресторани и кафитерии. Користење на клима уредот е вклучено во цената. Туристичката такса се плаќа во агенцијата - 4€ од ноќ.
Kоординати од вилата 40.240645, 23.280311
|
Апартман „Eleni” - Неа Мудања Цените се дадени за наем на стд/апп |
||
|
Период |
Ноќи |
1/5+2 дуплекс апп |
|
21.05.2027 – 28.05.2027* |
7 |
119*4 |
|
28.05.2027 – 04.06.2027* |
7 |
149*4 |
|
04.06.2027 – 11.06.2027* |
7 |
169*4 |
|
11.06.2027 – 18.06.2027* |
7 |
199*4 |
|
18.06.2027 – 25.06.2027* |
7 |
209*4 |
|
25.06.2027 – 02.07.2027 |
7 |
750 |
|
02.07.2027 – 09.07.2027 |
7 |
810 |
|
09.07.2027 – 16.07.2027 |
7 |
870 |
|
16.07.2027 – 23.07.2027 |
7 |
910 |
|
23.07.2027 – 30.07.2027 |
7 |
970 |
|
30.07.2027 – 06.08.2027 |
7 |
970 |
|
06.08.2027 – 13.08.2027 |
7 |
920 |
|
13.08.2027 – 20.08.2027 |
7 |
900 |
|
20.08.2027 – 27.08.2027 |
7 |
870 |
|
27.08.2027 – 03.09.2027* |
7 |
209*4 |
|
03.09.2027 – 10.09.2027* |
7 |
199*4 |
|
10.09.2027 – 17.09.2027* |
7 |
179*4 |
|
17.09.2027 – 24.09.2027* |
7 |
119*4 |
|
Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари. Цените означени со црвено * се промо цени и не подлежат на попусти. |
||
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE КРЕДИТ
Опис на сместувањето:
Дуплекс 1/5+2 - располага со 2 спални соби секоја со по еден брачен кревет и по една фотелија на спуштање за деца до 6 години. Заедничка дневна со кујна опремена во која има 1 единачен кревет маса со столици, мал фрижидер и две рингли. Клима и интернет се вклучени во цената. Има еден балкон кон улицата и излез кон дел од двор со маса и столови, се користи само делот кај масата и столевите додека дворот не припаѓа на апартманот и не е за користење бидејќи станува збор за заедничка површина и е забранета за индивидуално користење.
Напомени
- Сите цени се во евра (€) а уплата во денари 1€ = 62 ден
- Цените со * се дадени по лице за пакет аранжман – 7 ноќевања со вклучен превоз,
- за 1/4 стд плаќаат минимум 3 лица, 4то лице е бесплатно плаќа само превоз доколку користи.
- за 1/4 апп плаќаат минимум 3 лица, 4то и 5то лице плаќаат само превоз доколку користат.
- Цените без * се дадени за наем на студио за 7 ноќевања според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45 евра)
- За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- Во вонсезонските цени за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра по лице.
- Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената.
- Нема обезбеден паркинг но има можност за паркинг веднаш пред вилата или околните улици.
- Вилата НЕ располага со пешкири.
- Туристичката такса се плаќа во ВИЛАТА и истата изнесува, 2 евра на ден по студио/апартман.
- Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 20 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
- Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
- Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
- Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
- Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
|
ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД |
||
|
Град |
Место на тргнување |
Време |
|
Скопје |
БП Макпетрол (Fast Food 7 - Автокоманда |
По договор |
|
Велес |
Мотел Македонија бенз.Мак.Оил |
По договор |
|
Неготино |
Бензинска пумпа Макпетрол |
По договор |
|
Гевгелија |
ГП Богородица |
По договор |
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж агенцијата не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување


