Vila Soula
12 % попуст на вонсезонски и 15 % попуст на сезонски цени за 50 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 15.03.2025 (сабота)
попустот е важечки за резервации заклучно со 03.02.2025 (понеделник)
Вила Soula се наоѓа на одлична место положба, на само50 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со четири студија и два апартмани. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Вилата има сопствен уреден двор и паркинг веднаш пред вилата. Апартманите се реновирани и располагаат со големи фрижидери и големи електрични шпорети со рерна, а студијата се опремени со мала стандардно опремена кујна со решо и сите потребни елементи,. Сите имаат клима уред, ТВ и располагаат со стандардни тоалети со туш. Апартманите (бр. 1 и бр. 2) и едно студио (бр. 6) се на високо приземје, а останатите студија (бр. 3, 4, 5) се на кат.
Апартман број 1 (1/4+2) – високо приземје. Простран реновиран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е голема и комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столови, клима уред и телевизор.Апартманот има сопствен тоалет со туш. Од кујна се излегува на тераса и истата еопремена со маса и столови.
Апартман број 2 (1/4+1) – високо приземје. Простран реновиран апартман со брачен кревет во спална соба, една софа на извлекување и едно стандардно легло во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столици, клима уред и телевизор.Сопствен тоалет со туш. Од апартманот се излегува на голема заедничка тераса во дворот, која е опремена со маса и столици.
Студио број 3 (1/2) – прв кат. Потесно студио кое располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува на тераса со поглед позади кон дворот, која е опремена со маса и столови.
Студио број 4 (1/2) – прв кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот пред студиото се излегува на тераса која е со погледкон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 5 (1/2) – прв кат. Студиото располага со 1+1 стандарден кревет (поставени во должина еден по друг) и мала опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот пред студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 6 (1/2) – високо приземје. Студиото е одвоено со сопствен влез и располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува во сопствено заградено дворче кое располага со маса и столови.
Координати: 40.400363, 23.878800
НАПОМЕНИ:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица
- Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
- Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден се плаќа во објектот
Цена за превоз:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 2 години бесплатно, без седиште
Место и време на поаѓање:
- Куманово 02:45 ч. Бензинска пумпа Макпетрол
- Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин
- Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
- Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол
- Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол
- Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен преми
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
- Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
ПРОГРАМА