Vila Evangelia
12 % попуст на вонсезонски и 17 % попуст на сезонски цени за 50 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 15.03.2025 (сабота)
Попустот е важечки за резервации заклучно со 03.02.2025 (понеделник)
Вила Евангелија се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со 5 наши апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата.
Апартман број 2 (1/4+1) – втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет, 2 стандардни кревети + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со кујна, која ги има сите потребни елементи. Апартманот има долга, но многу тесна тераса која гледа кон градина. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со опремена кујна. Пространа тераса со страничен поглед море. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 4 (1/6+1) – прв кат. Најпростран и најголем апартман во вилата. Има одвоена спална соба со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Дневната соба е со целосно опремена кујна, има единечен кревет + кревет на извлекување и софа на пуштање ( димензија на брачен кревет) . Има пространа голема тераса со поглед позади со маса и столчиња и сопствен тоалет. Од двете соби се излегува на терасата.
Апартман број 5 (1/4) – прв кат, со поглед кон градина, има многу тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран, има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 6 (1/3+1)– прв кат, простран апартман со страничен поглед море со голема тераса. Од двете соби се излегува на терасата. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба, 1 стандарден + 1 кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со постар мебел, сопствен тоалет и кујна со сите потребни елементи.
Напомени:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
- Во вонсезонските цени во апартман бр. 2,3,5 и 6 плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во вонсезонските цени во апартман бр. 4 плаќаат минимум 3 лица | 4-то, 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
Цена за превоз:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 2 години бесплатно, без седиште
Место и време на поаѓање:
Куманово 02:45 ч. Бензинска пумпа Макпетрол
Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин
Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол
Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол
Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен преми
- Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
ПРОГРАМА