Vila Vaia

 

5 % попуст на вонсезонски и 12 % попуст на сезонски цени за 50 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 15.03.2025 (сабота)

Попустот е важечки за резервации заклучно со 03.02.2025 (сабота)

 

 

 

 

Куќа “Vaia” се наоѓа на само 80 – 100 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со пет  апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартманите имаат реновирани и опремени кујни со сите потребни елементи, како и реновирани купатила со туш. Затоплување на водата во цела вила е со сончеви колектори.Сите апартмани се на втор кат освен дуплексот бр. 1 кој е на прв кат и располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, а некои од нив се со поглед кон улица, некои кон дворот на вилата или странично кон море. Истите се заштитени со тенди.

Дуплекс апартман бр. 1 (1/4) – прв кат. Апартманот располага со две спални, во едната има брачен кревет, а во другата два одвоени стандардни кревети, клима уред и ТВ. Од двете спални се излегува на долга заедничка тераса опремена со маса и столови, која е со поглед кон улица и дворот на вилата. Апартманот има опремена кујна со мини шпорет со рерна и фрижидер која е издвоена на самиот влез во ходникот од апартманот.Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 2 (1/2) – втор кат. Апартманот располага со два одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата. Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца до 12 години. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со  поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 4 (1/3+1) – втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца до 12 години. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со страничен поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 5 (1/2) – втор кат. Апартманот располага со два одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата.Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Jerisos   Vila  Vaia1

Jerisos   Vila  Vaia2

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • Напомена: Во вонсезонските цени во апартманбр. 2, 3, 4 и 5 плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • Вовонсезонските цени во дуплекс апартман бр. 1плаќаат минимум 4 лица
  • Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден се плаќа во објектот

 

Цена за превоз:

  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

Место и време на поаѓање:

  • Куманово 02:45 ч. Бензинска пумпа Макпетрол
  • Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин
  • Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
  • Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол
  • Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол
  • Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен преми

 

  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
  • Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...