Vila Zeyia
попуст – 12 % за 50 % уплата заклучно со 03.02.2025 и целосна доплата заклучно со 15.03.2025
Вила “Zeyia”се наоѓа на одлична локација на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, на мирна локација и е една од најквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и пространи реновирани тоалети. Користењенаклима уредоти интернет (wi-fi)севклученивоцената. Имапрекрасно уреден двор и паркинг веднаш пред вилата.
Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м². Има поглед на градина од една тераса (од спална) и директен поглед море од друга тераса (од дневна). Дуплекс апартманот има три простории: дневна соба во која има софа на пуштање и еден стандарден кревет, маса со столови, ТВ и клима, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран тоалет со туш кабина, а во третата просторија е спална соба со брачен кревет со стандардни димензии. Опремен е со квалитетен мебел.
Апартман број 2 (1/2+2) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба исто брачен кревет со стандардни димензии со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када и сопствена помала тераса со маса и столови која има поглед кон дворот.
Дуплекс апартман број 3 (1/4) – приземје, простран високо квалитетен апартман од 43м². Има две спални соби со стандардни брачни кревети, од кои едната е физички одвоена со врата а другата спална е преградена, а споена со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба, веднаш на влезот во апартманот. Опремен е со квалитетен мебел. Има пространа тераса со маси и столови со поглед кон дворот.
Дуплекс апартман број 4 (1/6) – приземје, многу простран високо квалитетен дуплекс апартман од 51м², кој воедно е и најголем дуплекс апартман во вилата. Има две одвоени спални соби со стандарден брачен кревет во едната и 2 споени стандардни кревети во другата спална соба. Располага со простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба со 2 единечни стандардни кревети кај што е и целосно опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) Дневната соба е веднаш на влезот во апартманот. Опремен е со квалитетен мебел. Има 2 тераси со маси и столови, од кои едната е на влезот со поглед кон дворот, а на другата се излегува во дворот зад куќата од спална соба.
Напомени:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена се намалува за 10 евра по лице.
- Напомена: Во вонсезонските цени задолжително плаќаат 4 лица
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа
Цена на превоз:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 2 години бесплатно, без седиште
- Место и време на поаѓање:
- Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
ПРОГРАМА