Египет Египет                                           Повеќе детали
Турција Турција                                         Повеќе детали
Лето 2026 * Лето 2026 *                                       & Повеќе детали
Велигден     Велигден   Автобуски програми       Будимпешта - Виена - Сант Андреа 2 ноќевањ Повеќе детали

Hotel Acropolis

 

-15% попуст за резервации и 50% уплата до 31.12.2025

-10% попуст за резервации и 50% уплата до 28.02.2026

 

 

 

 

 

Хотел Акрополис се наоѓа во Фурка, на околу 200 метри од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион. Хотелот има и сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Хотелот се наоѓа на локација каде имате прекрасен поглед на цела долина, како и поглед на море. Центарот на градот е оддалечен околу 900 метри од хотелот, а тоа е и оддалеченост од ресторани, кафулиња и продавници.

Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Тоа е одличен избор за уживање во зајдисонце. Во понуда се два вида сместувачки единици кои се наоѓаат на приземје, на прв или втор кат.

Студиото може да прими најмногу три возрасни и дете и располага со брачен и единечен кревет, чајна кујна и бања.

Апартманите за четири лица, со две спални соби, се состојат од  кујна, две спални соби и бања. Едната спална соба има брачен кревет, додека другата соба има два единечни кревети.

Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор со рамен екран, како и кујна, стандарден фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со седење. Сите соби имаат поглед на море, базенот или градината.

Во украсениот двор на гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа има хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори заедно со нарачани пијалоци или храна. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Во ова сместување НЕ се дозволени домашни миленици. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите. Хотелот  Акрополис е одличен избор за сите оние кои сакаат хотелско сместување со базен во близина на плажа. Сместувачките единици се добро опремени, и  секогаш уредни и добро одржувани.

 Гостите имаат на располагање базен за кој користењето е ВКЛУЧЕНО во цена, како и лежалки и чадори на базен.

Хотелот им нуди на гостите лежалки и чадори на плажа со нарачка на кафе или пијалок од својот Akropolis beach bar.

Постои и можност за доплата за појадок и вечера во хотелот по цена од 140 Еур по лице за 7 дена. Информации во агенција.

 

Furka   Hotel Acropolis

 

Распоред на соби:

  • БЛОК А
  • 1 спрат –  А12 1/4 studio DBL+2SGL
  • 1 спрат –  А13 1/4 duplex DBL + SGL
  • 1 спрат –  А14 1/4 duplex DBL+2SGL
  • БЛОК C
  • приземје C4 1/3 studio DBL+SGL
  • приземје C5 1/4 duplex DBL+2SGL
  • 1 спрат C10 1/3 studio DBL+SGL
  • 1 спрат C11 1/4 duplex DBL+2 SGL
  • 2 спрат C14 1/3 studio DBL+SGL
  • 2 спрат C15 1/3 studio DBL+SGL
  • 2 спрат C16 1/4 duplex DBL+SGL

Важни напомени:

Доплата за туристичка такса (се плаќа во објектот).

Цените означени со * се промо цени и на нив не следува попуст. Попустите не може да се комбинираат.

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус.

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).

 

Автобуски превоз

  • 45 Еур возрасни Битола, Прилеп,
  • 50 Еур Скопје, Велес, Кавадарци.
  • Деца од 2 до 11,99 год.  Попуст 10 Евра од редовната цена

* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место.

* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

* Сместување во собите е после 14 часот (локално време)

* Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)

* Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите

* Попустите не може да се комбинираат…

* Сместувањето е согласно капацитетот на кревети

* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...

Туристичка агенција - Диме Турс ДООЕЛ
Со "А" лиценца   
Ул. "Столарска", Локал 8, комплекс БЕЗИСТЕН 
7000 Битола, Република Македонија
Телефон : +389 47 609 202
Мобилен : +389 78 662 760
E-mail : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.