Vila Kostas
15% попуст за целосна уплата до 01.02.25 | 10% попуст за целосна уплата до 01.03.25
Вила Костас се наоѓа во центарот на Калитеа на булеварот над плажата и на околу 120m од плажа. Располага со 1/4 студија (еден брачен + две единечни легла во студијата на I кат и четири единечни легла во студијата на II кат), Студијата се комфортни, чисти и со многу добар квалитет на сместување. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер...), комплетно реновирани нови купатила, просторни балкони (масичка со столчиња) со поглед напред на булеварот и кон море (од студијата на II кат), LCD телевизор, гардеробер, клима и интернет - БЕСПЛАТНИ. Гостите со сопствени возила, може да паркираат на булеварот под терасите на вилата но не и пред влезот на вилата, бидејки е пешачка улица и не е дозволено паркирање.
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз 3-то и 4-то лице - БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7 ноќи/8 дена (со*), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- Во студиото, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Удово / Гевгелија;;
- Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50m од вилата на булеварот.
- Клима и Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНА
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме5% попуст на вториот термин;
- За аранжманитеза 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- Доплата за туристичка такса - 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција);
- Доплата за превоз:50€ за возрасни / 40 € за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- Задолжително патничко осигурување
ПРОГРАМА