Vila Blue Dream
15% попуст за уплата до 01.02.25 | 10% попуст за уплата до 01.03.25
Вила Blue Dream се наоѓа во центарот на Калитеа, помеѓу втората и трета пешачка улица и околу 200m од плажа. Комплетно реновирана вила, располага со четири одлично уредени апартмани со една спална за 4 и 5 лица, на I-ви кат. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..), тоалет, туш, просторни балкони со поглед кон Градот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и интернет - БЕСПЛАТНИ. Распоредот на легла според апартманите е следен: Апартман No1 и No2 за четири лица: две единечни легла во кујната и брачен во спалната соба каде што и се излегува на терасата. Апартман No3 за пет лица: еден единечен кревет во кујната и два единечни + брачен кревет во спалната каде се излегува на две тераси. Апартман No4 за пет лица: три единечни легла во кујната и брачен кревет во спалата каде се излегува на голема тераса. Гостите со сопствени возила може да паркираат на улицата пред вилата.
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7 ноќи/8 дена (со*), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Во апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;;
- Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Удово / Гевгелија;;
- Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од вилата на булеварот.
- Клима и Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНА
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- За аранжманитеза 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- Доплата за туристичка такса - 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција);
- Доплата за превоз:50€ за возрасни / 40 € за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- Задолжително патничко осигурување (инфорамции во агенцијата).
ПРОГРАМА