Apartment Mia 1

 

 

 

 

 

 

 

Дуплекс Апп МиА 1 се наоѓа на 20 метри од песочната плажа на Неа Флогита. Апартманот се наоѓа на први кат и во својот состав има 2 спални соби, посебна дневна соба, посебна кујна, заедничко купатило, ходник и 2 балкони. Во спалните соби има по еден брачен и еден единечен кревет и по еден плакар. Во дневната соба има голема трпезариска маса со столици, гарнитура за седење, телевизор и клима уред кој е бесплатен. Кујната е опремена со основен прибор за приготвување на храна, плотна со рерна и голем фрижидер со комора за замрзнување. Од едната спална се излегува на помал балкон (со поглед кон дворот), а од дневната соба и од кујната се излегува на другиот балкон кој што има страничен поглед кон море. Во купатилото има и машина за перење на алишта. Клима уред и wi-fi вклучени во цена. Агенцијата неможе да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 Координати: 40.2576151,23.2170864

 

 

Nea Flogita   Apartan Mia 1 7noki

Важни напомени

  • Туристичка такса се плаќа во агенција 4 € од ноќ од дуплекс апп.
  • Клима уред бесплатно (ако истиот се користи само кога гостите се во апартманот, во спротивно сопственикот има право да им наплати по 5 евра од ден или да им ја скрати таа услуга.)
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.dimetours.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот. Нашата веб-страница (www.dimetours.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
  • Агенцијата може опционално да организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот (минибусот).
  • Секој патник има право на 1 парче багаж.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопственикот на објектот го задржува правото при евентуално направена-причинета штета да изврши наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови за патување на ТА Диме Турс кои што се наоѓаат на задната страна од договорот за резервација.
  • При промена на патници во резервацијата (по барање на патниците), се наплаќа 10 евра за манипулативни трошоци.
  • За важечка резервација се смета само со уплата на 50% од целосната вредност на аранжманот, а целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање, освен ако не е поинаку назначено во условите за резервација.

Има опција за автобуски превоз:


45 евра за возрасни – повратна карта

35 евра за возрасни – карта во еден правец

35 евра за деца до 12 години – повратна карта

Деца до 02 години бесплатно – не користи седиштe

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...