Vila Isi Lux
7% попуст за целосна уплата до 01.03.2025
Вила Иси Лукс се наоѓа нa 20m oд плажа во централниот дел на Потидеа каде што е најширока плажата, веднаш пред хотел "Potidea Golden Beach". Вилата е изградена во 2017 год и е на два спрата (високо приземје и први кат). Има прекрасно уреден двор со парк и масички со столчиња / кујна и скара кои се на располагање на гостите. Во близина на вилата на околу 50м има супермаркет. Структура и распоред на студија и апартмани: 1/3 студија и /2+1/ апартман со една спална за 3 лица (брачен кревет+едно легло во кујната), дуплекс апартман со две одделни спални соби за 4 лица (брачен во двете спални) на I-ви кат. Студијата се на високо приземје и I-ви кат /апартманите со една и две спални соби се на I кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер...), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. (Координати: 40.192087, 23.334931)
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз 3-то лице во студио или апартман со една спална - БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7 ноќи/8 дена (со*), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Во студио или апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз
- Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица
- Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;;
- Превозот ги остава патниците пред вилата доколку е можно да влезе автобус или минибус, доколку не е можно ги остава кај стадионот. Околу 400м од вилата;
- Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме5% попуст на вториот термин;
- За аранжманитеза 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- Доплата за туристичка такса - 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција);
- Доплата за превоз:50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- Доплата за патничко осигурување (инфорамции во агенцијата).
ПРОГРАМА