Hotel Coral Blue Beach

 

-20% попуст за резервации со целосна уплата до 15.02.2024

 

 

 

 

 

Хотел Coral Blue Beach располага со приватна плажа, песочна. За секоја соба 1 чадор и 2 лежалки на плажа со минимум нарачка од 5 евра. Бесплатно Wi - Fi на рецепција и на барот покрај плажа.

Хотелскиот комплекс се простира на самата песочна плажа, урбано уредена со лежалки, чадори за сонце;

Главениот ресторан "Thalassa" е место каде се служат појадокот и вечерата на принцип шведска маса, со голем избор на вкусни домашни јадења и специјалитети.

Барот на плажа "Ammos" е преубаво место на самата плажа и под борови дрвја каде се нудат свежи сокови, сладоледи, лесно освежување, коктели и вкусна ужина;

Сместување:

  • Double Room: Брачен лежај или две одвоени легла (едно до друго) - максимум сместување 2 возрасни и 1 дете до 12 години на дополнително легло;
  • Bungalow: брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло - максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 - 11.99) или 3 возрасни;
  • Family Room with bunk bed: Брачен лежај или одовоени кревети и кревет на спрат - максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 - 11.99 години) или 3 возрасни;
  • Тип на дополнително легло: На расклопување;

Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали, телефон, Wi - Fi интернет (со доплата), фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата. Во сите соби има можност за детско креветче (baby cot) - 5 € на ноќ - со претходно барање од клиентите и одобрување од страна на хотелот.

Gerakini   Hotel Coral Blue Beach

Плажа: Приватна плажа, песочна. За секоја соба 1 чадор и 2 лежалки на плажа со минимум нарачка од 5 еур.

Услуга: Полупансион (појадок и вечера).

Интернет: Бесплатно Wi - Fi на рецепција и на барот покрај плажа.

Сместување: Сместување во собите е после 15 часот локално време, напуштање на собите е до 10 часот последниот ден по локално време.

Важни напомени

  • Bројот на соби кој може да се резервира со попуст за рани резервации е ограничен
  • При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата.
  • Aгенцијата го задржува правото на промена или прекинување попустите пред наведените датуми на истекување.
  • Pезервациите направени со еден попуст не може да се комбинират со друг попуст!
  • Доколку уплатата не се изврши навреме резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата и истото не е причина за отказ на постоечката резервација.
  • За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст неможе да се комбинира со други попусти
  • Во случај на отказ на резервациите уплатени со попуст за рана уплата до 15 дена пред патување уплатените средства се пренаменуваат во ваучер за следно патување.

Цената вклучува:                            

  • 7 ноќевања со појадок и вечера
  • Две деца до 11.99 години - Бесплатно
  • Користење на клима уред
  • Интернет на бар на плажа и во лоби на хотелот

Паркинг (во согласност со слободни места во моментот)

Доплати:

  • Туристичка такса од 5 евра по соба од ноќ која се плаќа во хотел;
  • Трет возрасен на дополнително легло плаќа 35€ од ноќ;
  • Трето дете од 0-11,99 години 23€ на ноќ;
  • Доплата за HB+ - бесплатни пијалоци за време на вечерата од мени во ресторанот – 15 € на ден за возрасен и 8 € за деца до 11.99 г.
  • Доплата за – FB + - ручек и бесплатни пијалоци за време на ручек и вечера од мени на ресторанот – 33 € на ден за возрасен и 17 € за деца до 11.99 г.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ за Халкидики

  • Скопје / Велес / Неготино / Граничен премин Богородица – 50€ за возрасни и 40€ за деца до 11,99 г.
  • Струмица – 65€ за возрасни и 55€ за деца до 11,99 г.

Превозот се реализира со автобус, комбе или патничко, а истото го одредува агенцијата еден ден пред поаѓање.

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува превозното средство. Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција за време и место на поаѓање

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред кажаното време на поаѓање.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...