Vila Maria Mavridu

 

7 % попуст на вонсезонски и 20 % попуст на сезонски цени за 50%  уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 05.04.2025 (сабота)

Попустот е важечки за резервации заклучно со 01.03.2025 (сабота)

 

 

 

 

 

Вила  Мариа Мавриду  се наоѓа во централниот дел на Неи Пори, на околу 140 метри од плажата. Располага со трокреветни и четворокреветни полуапартмани на првиот и вториот кат. Секоја сместувачка единица располага со основно опремена кујна која е во посебна просторија, но не е одвоена со врати, сопствен тоалет, тераса, ТВ, Wi-Fi и клима уред (со доплата).

1/3 полуапартман бр. 1, 2, 3 и 5 – прв кат . Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет во една просторија. Во друга просторија има кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер и мало решо), клима, ТВ, и тоалет со туш. Полуапартманите располагаат со сопствена тераса опремена со маси и столови, на која се излегува и од двете простории.

1/4 полуапартман бр. 4 – прв кат. Располага со француски кревет + 2 стандардни единечни кревети во една просторија. Во друга просторија има кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер и мало решо), клима, ТВ, и тоалет со туш. Полуапартманот располага со сопствена тераса опремена со маси и столови, на која се излегува и од двете простории.

1/3 полуапартман бр. 6, 7, 8 и 10 – втор кат. Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет во една просторија. Во друга просторија има кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер и мало решо), клима, ТВ, и тоалет со туш. Полуапартманите располагаат со сопствена тераса опремена со маси и столови, на која се излегува и од двете простории.

1/4 полуапартман бр. 9 – втор кат. Располага со француски кревет + 2 стандардни единечни кревети во една просторија. Во друга просторија има кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер и мало решо), клима, ТВ, и тоалет со туш. Полуапартманот располага со сопствена тераса опремена со маси и столови, на која се излегува и од двете простории.

Nei Pori   Vila Maria Mavridu1

Nei Pori   Vila Maria Mavridu2

Напомени:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • Напомена: Во вонсезонските цени во полуапартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • Во полуапартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Цена за превоз:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Место и време на поаѓање:

Куманово 02:45 ч. Бензинска пумпа Макпетрол

Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин

Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)

Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол

Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол

Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен преми

  • Туристичка такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците во објектите, истата изнесува 2 евра на ден по полуапартман.
  • Користење на клима уредот со доплата.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
  • Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...