Vila AKIS

 

10% попуст за резервации до 01.03.25

 

 

 

 

Vila Akis се наоѓа на самата пешачка зона во Олимпик Бич и на 20m од плажа. Вилата располага со 1/2 студија, 1/2+1 студија со две редовни и едно дополнително легло, како и дуплекс апартмани со две одделни спални и голема дневна соба во која има петосед на расклопување. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер...), тоалет,огледало, туш, фен за тело, балкон (масичка со столчиња) со страничен поглед кон море/плажа, клима, ТV-LCD , гардеробер, сушара. На располагање на гостите е бесплатен  интернет. Студијата и апартманите се на први и втори кат и имаат просторни тераси со поглед кон плажа/море и пешачката зона.

(координати: 40.238278, 22.586611)

Olimpic Beach   Vila Akis

 НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то и 6-то лице во апартман - БЕСПЛАТНО сместување;
  • Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Во студио, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
  • Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
  • Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Струмица / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од вилата.
  • Клима и Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
  • Доплата за клима - 7€ од ден;
  • Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
  • Задолжително патничко осигурување (инфорамции во агенцијата).

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...