Vila Pavlos

 

 

 

 

Вила Павлос се наоѓа во мирниот дел во градчето Скијатос, на само неколку минути пеш од популарниот мал аеродром на островот. Дворот на вилата Павлос каде воедно се наоѓа и базенот е изолиран одлично изолиран за да може да уживате во тишината и спокојот. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на првиот спрат. Од дел од студијата може да се набљудува морето, а останатите нудат погед кон пејсажниот остров. Студијата се опремени со мини кујна за подготовка на лесни оброци, прибор според бројот на гости, ТВ, фен, плакар, тераси со столчиња и маса и Wi-Fi. Пред самата вила може да се паркираат автомобили за туристите кои ќе го посетат островот со сопствен превоз. Вилата има и своја рецепција и лице кое е одговорно за гостите. Нашиот организиран транспорт ги остава патниците пред самата вила, а од каде ги презема за враќање назад. Координати: 39.168250, 23.496389

Skiatos   Vila Pavlos

Во цената е вклучено:

  • 7 ноќевања – 8 дена на Скијатос
  • Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
  • Туристички пратител за време на патувањето и престојот на Скијатос

 

Во цената не е вклучно:

  • Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос-Волос во самиот автобус
  • Патничко осигурување (ЗАДОЛЖИТЕЛНО, се прави во агенцијата)
  • Факултативни излети
  • Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
  • Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
  • Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице

За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.

За споен термин се сметат две суми од промо цените.

Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.

Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат.

За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).

Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор.

Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект фирмата.

За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и  се пресметува од редовната цена.

Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.

Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време,а напуштањето е во 10:00ч по локално време.

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%.

Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Студиото кое се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.

Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости

Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори, а  организаторот нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.

Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.

Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...