Vila Angela Zoi
Вила Ангела Зои e лоцирана на 800 метри од плажата Мегали Амос, во ценатарот на градот. Вилата располага со двокреветни, трикреветни, четирикреветни студија како и четирикреветни дуплекс апартмани. Сите соби се со комплетно опремена кујна, тоалет, балкон, ТВ, WiFi и клима уред.
Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на сместување, поаѓањето е ден претходно (вторник)
Напомени:
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен:
*автобуски превоз, трансфер пристаниште-вила-пристаниште, за минимум 2 лица;
- трето,четврто , лице плаќаат според табелата
- 1 и 2 (прво и второ) дете до 12 години плаќаат според табелата
- дете до 2 години бесплатно (без седиште)
- БРОДСКА КАРТА ВОЛОС-СКИЈАТОС – ВОЛОС =50 € (за возрасен и за деца) се плаќа во автобус
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
- Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез вообјектите е следниот ден.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Само автобуски превоз Скопје –Волос-Скопје 60 еур за возрасни, 45 еур за деца до 12 год.- повратна автобуска карта;
- Само автобуски превоз 45 еур за возрасни, 35 еур за деца до 12 год. – еден правец;
- За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за прво и второ лице, за 3 и 4 лице по 25 еур,за деца до 12 години не се одбива;
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе (на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат)
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот по локално време, а напуштање на истите е во 09.00 часот.
- По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Сопствениците на вилите го задржуваат правото, во случај на причинета материјална штета за време на престојот, да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата
ПРОГРАМА