Vila Elegant
Вила Елегант се наоѓа во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Вилата располага со 11 студиа, за 2,3 или 4 лица на приземје прв и втор спрат и еден апартман за 4 лица на втор спрат.
Студио број 1,2,3 и 4 се наоѓаат на приземје.
Студио број 5,6,7 и 8 се наоѓаат на прв спрат.
Студио број 9,10, 11 и 12 се наоѓаат на трет спрат.
Вилата е оддалечена на 10-15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.
Координати: 39.164306,23.486694
Сместување
Студио број 1 нуди сместување за 2 лица.
Студио број 2 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со 2 единечни кревети.
Студио број 3 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со 2 единечни кревети. Нема тераса.
Студио број 4 нуди сместување за 3 лица. Студиото располага со еден брачен кревет и еден кревет на извлекување.
Студио број 5 нуди сместување за 4 лица. Студиото располага со брачен кревет и кревет на извлекување. Во ова студио може да се сместат 4 возрасни лица погодно за друштво (или 2 возрасни и 2 деца).
Студио број 6 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Студио број 7 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Студио број 8 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Апартман број 9 нуди сместување за 4 лица. Апартманот располага со брачен кревет и кревет на извлекување. Во овој апартман може да се сместат 4 возрасни лица бидејќи има одвоена спална, и кревет на извлекување во кујна (или 2 возрасни и 2 деца).
Студио број 10 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Студио број 11 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Студио број 12 нуди сместување за 4 лица. Студиото располага со брачен кревет и кревет на извлекување. Во ова студио може да се сместат 4 возрасни лица погодно за друштво (или 2 возрасни и 2 деца).
Во цената е вклучено:
- 7 ноќевања – 8 дена на Скијатос
- појадок
- Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
- Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
- Туристички пратител за време на патувањето и престојот на Скијатос
Во цената не е вклучно:
- Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос-Волос во самиот автобус
- Патничко осигурување (ЗАДОЛЖИТЕЛНО, се прави во агенцијата)
- Факултативни излети
- Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
- Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
- Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице
За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
За споен термин се сметат две суми од промо цените.
Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат.
За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор.
Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект фирмата.
За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и се пресметува од редовната цена.
Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време,а напуштањето е во 10:00ч по локално време.
Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%.
Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Студиото кое се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори, а организаторот нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
ПРОГРАМА