Skala Potаmia - Vila Afrodite 2
Вила Афродите II е новоизградено сместување кое се наоѓа на само неколку минути од плажата. Вилата е модерно дизајнирана, опремена со нов мебел и имаат се што ви треба за пријатниот одмор. Ова сместување се наоѓа во Скала Потамија, оддалечено околу 270 метри од плажа и 1 км од центарот. Најблискиот пазар е оддалечен околу 400 метри. Сместувањето е изградено во 2018 година. Располагаат со ТВ, клима, опремена кујна, купатило и балкон. На гостите им е достапен и интернет пристап. Чистењето се врши секој ден освен сабота, додека замена на постелнина и крпи се врши на секои три дена. Сместувањето нема приватен паркинг, но веднаш до зградата и на блиските улици можете да најдете доволно простор каде што можете да го оставите вашето возило.
Доколку барате ново сместување, сместено блиску до плажа и во мирна област, тогаш Afrodite II може да биде одличен избор за вас.
Напомени:
- 7 ноќевања на база Room Only (наем на соба)
- Користење на Wi-Fi е вклучено во цената.
- Собите имаат комплетно опремена кујна (приборот е во согласност со бројот на легла во Studioto)
- Студиата се добиваат исчистени и со променета постелнила а за хигиента на собата во текот на престојот се грижат самите гост
- Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, напуштањето последниот ден е до 10 часот наутро
- Tуристичка такса од 2€ по соба на ноќ се плаќа директно во објектот
- Користење на клима уредот се доплаќа на лице место 7€ од ден
Доплата за превоз
- • Скопје 60 €
- • Велес 60 €
- • Неготино 60 €
- • Граничен премин 60 €
- • Штип 70 €
- • Радовиш 70 €
- • Струмица 70 €
* Задолжителна доплата за траект - 20 евра за возрасен / 15 евра за дете 2-12 години
Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно.
- Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.
- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува возилото.
- Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
ПРОГРАМА