Skala Potamia - Vila Penelope
Вила Пенелопе се наоѓа во летувалиштето Скала Потамиа во близина на песочната плажа на Скала Потамиа и Голден Бич. Скала Потамиа е оддалечена околу 15 км. од градот Лименас. Во непосредна близина се наоѓаат продавници, таверни, ресторани и барови. Вилата нема базен . Вилата поседува дво креветни студија со купатило со туш, фрижидер, комплетно опремена мини кујна, ТВ и клима ( со доплата). Собите се наоѓаат на приземје и прв кат (собите кои се на прв кат имаат заедничка тераса преку која се влегува во собите, а собите на приземје излегуваат во заеднички двор слободен за користење на гостите од вилата) Вилата не располага со сопствен паркинг.
Напомена:
- Доплата за клима - 5 евра по соба на ден (опционално) - се плаќа при пристигнување во објектот
- Задолжителна туристичка такса (се плаќа во објектот) 2 евра по соба на ден
- За уплата за 2 споени термини се одобрува 10% попуст (попустот не се комбинира со други попусти)
- Во студиата дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, т.е бројот на легла.
- Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со родители.
- Во собите има опремено мини кујна
- Сместувањето во собите е после 14 часот по локално време
- Напуштањето последниот ден е до 09 часот по локално време
- Студиата се добиваат исчистени и со променета постелнина и пешкири, а за хигиена се грижат самите гости.
- Постелнината и пешкирите се менуваат еднаш во текот на пресотојот.
Доплата за автобуски превоз (со вклучена карта за траект):
- Возрасни: 80 евра
- Деца од 2 – 12 години: 65 евра
- Деца од 0 – 2 години: БЕСПЛАТНО (не користат седиште во автобус)
- Трансферот од пристаништето во Лименас до Голден Бич е околу 30 минути
- Автобусот ги носи патниците до најблиската точка до вилата каде може да се застане со автобус
- Агенцијата не одговара за квалитетот и брзината на интернет конекцијата во вилата
Поаѓање од:
Скопје - 01: 00ч. Паркингот кај спортска сала Борис Трајковски
Велес – 01:45ч Бензинска пумпа кај Мотел Македонија
Неготино – 02:15ч Макпетрол бензинска на автопат во правец кон Гевгелија
Смоквица – 02:45ч Шел бензинска на автопат во правец кон Гевгелија
Гевгелија – 03:00ч Шимов, бензинска пумпа пред граница
Поаѓања од Тасос
Вила Елени, Потос 13: 00ч. (локално време)
Вила Пенелопе, Скала Потамиа 09 :30ч. (локално време)
Вила Атина, Голден Бич 09:15 ч. (локално време)
ПРОГРАМА