Ipsos - Vila Mina Lux

Ипсос - Vila Mina Lux

 

 

BLACK FRIDAY цените важат со целосна уплата до 29.11.2025

На овие цени нема одбивање за сопствен превоз.

 

 

 

 

 

Вила Мина Лукс се наоѓа на 150 метри од плажата и се состои од две згради. Вилата има базен со лежалки (бесплатно) и се состои од двокреветни студија и четврокреветни апартмани (дуплекси). Сите соби имаат мини кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број на лица, тоалет, ТВ, клима (со доплата по желба) и балкони кои гледаат према базенот, wi-fi интернет (агенцијата не сносува одговорност за брзината и квалитетот на истиот). Во некои од студијата постои можност за додавање на трет дополнителен кревет. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Во дуплексите има две клими кои посебно се наплатуваат 5 евра од ден, по желба.

GPS координати: 39.7062494,19.8389645

Krf   Ipsos   Vila Mina Lux

Напомени:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања + автобуски превоз
  • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица – Крф - Игуменица од 30 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 2 еврa по соба на ден (14 евра за целиот престој). Се плаќа во автобус. Патниците кои се со сопствен превоз таксата ја плаќаат во агенцијата. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
  • Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
  • Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
  • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30 евра за траект
  • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
  • За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)

Напомена: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите

Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)

Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).

Цена само за превоз 85 евра со доплата од 30 евра за траект – во два правци.

Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.

Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.

Плаќање за деца:

Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен

Дете од 3 до 9,99 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 30 евра за траект

Дете од 3 до 9,99 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 30 евра за траект.

ОПИС НА СОБИТЕ:

  • ПРИЗЕМЈЕ:
    • Собите 1, 2, 3 се дуплекс апартмани кои имаат две спални соби со голема тераса која се протега на двете соби. Едната спална е физички одвоена со врата, додека другата од кујната и трпезаријата е одвоена со шанк. Тоалетот е одвоен од двете простории.
    • Соба 10 дуплекс апартман со две посебни спални соби, помеѓу кои се наоѓаат кујната и тоалетот. Апартманот има две посебни тераси, едната гледа кон базенот, а другата е затскриена и идеална за приватност.
    • Соба 11 е трокреветно студио, каде што два кревета се со стандардна големина, додека третиот е стандарден кревет со помала димензија (190см х 60см), но погоден за возрасно лице. Студиото има кујна, тоалет и тераса која гледа на базенот.
    • Соба 12 е стандардно двокреветно студио со кујна тоалет и тераса со поглед на базенот.
  • ПРВ СПРАТ:
    • Собите 4, 5 и 6 се дуплекс апартмани кои имаат две спални соби и две посебно одвоени тераси кои гледаат кон базенот. Двете соби се со своја врата, и се одвоени од кујната, трпезаријата и тоалетот. Постои можност за петти кревет, кој е помал, но соодветен и за возрасно лице (димензија190см х 60см).
    • Соба 14 двокреветна соба, каде што кујната е во една просторија, а спалната соба во друга. Од спалната соба се излегува на терасата која има поглед на базенот.
    • Соба 15 трокреветна соба во која кујната е во една просторија во која има еден стандарден кревет и уште една спална соба која излегува на терасата која има поглед на базенот.
  • ВТОР СПРАТ:
  • Собите 7, 8 и 9 се дуплекс апартмани кои имаат две спални соби и две посебно одвоени тераси кои гледаат кон базенот. Двете соби се со своја врата, и се одвоени од кујната,трпезаријата и тоалетот. Постои можност за петти кревет, кој е помал, но соодветен и за возрасно лице (димензија190см х 60см).

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

Check in во собите е после 14h по грчко време

Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.

Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж

Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.

Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот (поради општата ситуација со ковид 19, по препорака од страна на грчкото министерство за здравство, сопствениците на сместувачките капацитети, треба самите да проценат и одлучат дали во текот на престојот ќе го направат второто чистење, бидејќи е препорачано што помалку контакти, со цел одржување на безбедноста на самите гости. Секако достапни се чисти постелнини, пешкири и средства за чистење како џогери и метли). Агенцијата не може да влијае на одлуката на сопствениците, која е индивидуална во секоја куќа.

Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.

Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.

Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот

Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...