Edipsos - Hotel Oreoi

Едипсос - Hotel Oreoi

 

 

 

 

 

Хотел Oreoi е пријатен и функционален хотел, сместен во познатото бањско место Едипсос, едно од најпопуларните термални одморалишта во Грција. Хотелот се наоѓа на одлична локација, на околу 150 метри од плажата и морето, 100–180 метри од центарот, како и на кратко пешачење од познатите термални извори.

Благодарение на својата позиција, гостите имаат лесен пристап до маркети, ресторани, кафулиња ...

Сместување:

Хотелот располага со 27 комфорни и функционално опремени соби, создадени за пријатен престој.

Сите соби содржат: Клима уред, ТВ, Фрижидер, Телефон, Приватна бања, Балкон, Бесплатен Wi-Fi интернет

Хотелски содржини и услуги: Рецепција, Лифт, Бесплатен Wi-Fi, Тераса за одмор

Услуга:

Појадок (Шведска маса) и Вечера ( со сервирање )

Evia   Edipsos   Hotel Oreoi

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз Скопје – Едиспс - Скопје
  • Траект Глифа - Агиокампос - Глифа
  • Сместување со Појадок и Вечера за 7 ноќи
  • Туристички придружник за време на патувањето.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување.
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
  • Турситичка Такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот)

Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

За користење сопствен превоз се намалува 20евра од цената

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Напомени:

  • Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • Поради генерално чистење на собите после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
  • Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби, а не се селектирани од една соба, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на Патување Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовните цени;

Early Booking -15% за резервации со 50% уплата веднаш и 50% на 21 дена пред поаѓање.

Цените се дадени по лице во евра за уплати исклучиво во денари 1 ерво = 62 МКД

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...