Hotel Zeus Paradise

Hotel Zeus Paradise

 

 

 

 

 

Хотел Зеус Парадајс е модерен хотел со 4 ѕвезди, сместен во малото живописно место Амудија, на западниот брег на Јонското Море, помеѓу Парга и Превеза. Хотелот се наоѓа на само 50 метри од познатата песочна плажа и е совршен избор за семеен или паровски одмор. Со топла гостопримливост, одлична кујна и мирна атмосфера, нуди вистинско чувство на медитеранска релаксација.

Amoudia   Hotel Zeus Paradise 

Локација: Хотелот е сместен во центарот на Амудија, на само 15 км од Парга и 33 км од аеродромот Акцион (Превеза). Од плажата го дели само кратка прошетка (2 минути). Во близина се наоѓаат познатите археолошки локалитети Некромантејон и Ефира, како и реката Ахеронтас, што овозможува одлична можност за излети и авантури во природата.

Сместување и содржини: Zeus Paradise располага со 42 модерни и комфорни соби, дел со поглед кон градина, дел кон базенот. Сите соби се климатизирани и опремени со: клима-уред, телевизор со рамен екран, мини фрижидер, приватен тоалет со туш или када, фен, гардеробер, сеф, балкон или тераса

 

Типови на соби:

- Double/Twin Room (околу 25m²) – два единечни или еден брачен кревет

- Triple Room (околу 25m²) – брачен + еден единечен кревет

 

Двор и удобности: Хотелот располага со уреден двор со базен со слатка вода, посебен базен за деца, лежалки и чадори, како и pool bar и ресторанот на отворено. На гостите им е достапен и ресторан со внатрешен простор, каде се служи богато шведско-маса мени за појадок и вечера. Плажата пред хотелот е песочна и плитка, со лежалки и чадори (со доплата), што ја прави идеална за семејства со деца.

Услуга и хигиена: Хотелот нуди полупансион (HB) – појадок и вечера на база на шведска маса. Оброците се разновидни, со комбинација на домашна и медитеранска кујна. Секојдневно се врши одржување на чистотата, а постелнината и пешкирите се менуваат редовно. Гостите во своите рецензии ја истакнуваат љубезноста на персоналот, чистите соби и убавата организација на плажата.

 

Предности

- Одлична локација – само 50 м од плажа

- Базен со дел за деца и бар

- Пространи и модерни соби

- Полупансион (појадок и вечера – шведска маса)

- Бесплатен паркинг и Wi-Fi

- Љубезен персонал и семејна атмосфера

Цената на аранжманот вклучува:

  • Сместување во избраното студио за 7 ноќи со појадок и вечера + превоз.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување.
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
  • Турситичка Такса 2 евра по соба од ноќ

Напомени:

  • Доплата за туристичка такса  (се плаќа во објектот).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовните цени;
  • Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време).
  • Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости.
  • Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...