Vila Areti
Вила Areti - Атрактивна вила која се наоѓа во мирна улица, споредно од главната, која е поврзана со центарот и плажата. Оддалечена е околу 400 метри од преубавата песочна плажа Скала. Студио 02, 03: просторни, комфорни соби со два стандардни кревети или француски кревет со трет кревет, издвоена кујна ( фрижидер, вграден шпорет со две рингли, прибор и садови според бројот на гостите), клима (со доплата), купатило-туш/тоалет. Тераса со гарнитура за седење. Апартман 04 го сочинуваат две спални соби со еден француски кревет и два одвоени кревети и има простор за дневен престој со кујнски дел и купатило како во студијата.

Цените се дадени за наем по лице на студио/апп, без превоз
НАПОМЕНА:
- Климата е вклучена во цената
- Прво и второ дете од 2-14 год. плаќаат цена по табелата во придружба со 2 возрасни лица по цена од СТД 02 и користат кревет во Апп 04 или заеднички кревет ( дете до 6 год ) со возрасните лица.
- Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
- Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
- Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.
- За овој аранжман важат oпштите услови за патување
- Туристичката такса е 2 евра по студио / апартман на ден.
ПРОГРАМА
