Potos - Vila Irini

Potos - Vila Irini

 

First Minute цени!!!  Заклучно со 31.01.2026 год

 

 

 

 

Вилата Ирини располага со просторни студија и апартмани кои се наоѓаат до хотелот Потос кој ги дели базен. На базен капењето е бесплатно за гостите, може да се користат чадори и лежалки, доколку се конзумира некој пијалок. Сите апартмани и студија поседуваат тераси со гарнитура за седење според бројот на гостите и гледаат спрема пешачката улица. Вилата се наоѓа во самиот центар на Потос на 150 метри од плажата.

Студијата 1/2 се сместени на први спрат и поседуваат два споени стандардни кревети, кујски дел (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), ТВ, клима (вклучена во цена), купатило со туш-када и тераса.

Студија 1/3 и 1/4 се сместени на први спрат и поседуваат два споени стандардни кревети и кревет на спрат. Се останато е како во студио 1/2.

Апартмани 1/4 се сместени на први и втори спрат, поседуваат две одвоени простории со премин (не се одвоени со врата). Во едната просторија има француски кревет, ТВ, клима (вклучена во цена) и излез на тераса, а во другата просторија се два стандардни кревети, кујнски дел (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите) и купатуло со туш-када.

Координати на вилата: 40.612122,24.605041

Potos   Vila Irini

Цените се дадени по лице на 10 ноќи, без превоз

НАПОМЕНА:

    • Прво и второ дете од 2-14 години ја плаќаат цената дадена во табелата, во придружба со 2 возрасни лица по цена од СТД 02 и користат сопствен кревет во СТД 04, или заеднички кревет (дете до 6 год) со возрасни лица во СТД 02;Климата е вклучена во цената
    • Туристичката такса за 2026 године е 2 евра по студио / апартман на ден.
    • Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
    • Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
    • Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
    • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
    • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...