Skala Potamia - Vila Savvas

 

Skala Potаmia - Vila Savva's

 

Цените се со вкалкулиран попуст, одобруваме и дополнителен попуст:


7% за уплата на 50% до 15.12.2025


10% за целосна уплата до 15.12.2025

 

 

 

 

 

Вила Саввас се наоѓа на 150m од црквата Свети Никола во областа Скала Потамиа . Во непосредна близина на вилата се наоѓаат маркети,ресторани и кафулиња. Самата вила е оддалечена 1.5 km од Golden Beach меѓутоа во самата област во близина на вилата се наоѓаат повеќе плажи и барови на сама плажа.

Skala Potamia   Vila Savvas

Цената вклучува:

  • 7 ноќевања на база Room Only (наем на соба)
  • Користење на Wi-Fi
  • Собите имаат комплетно опремена мини кујна (приборот е во согласност со бројот на легла во Studioto)
  • Студиата се добиваат исчистени и со променета постелнила а ...игиента на собата во текот на престојот се грижат самите гости
  • Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, напуштањето последниот ден е до 10 часот наутро
  • Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале.
  • Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.

Цената не вклучува:

  • Туристичка такса од 2€ по соба на ноќ, истата се плаќа директно во објектот
  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Доплата за корситење на клима уред се плаќа на лице место 7 еур на ден

Напомена:

  • бројот на соби кој може да се резервира со Early Booking попуст е ограничен!
  • агенцијата го задржува правото на промена или прекинување на Early Booking попустите пред наведените датуми на истекување.
  • резервациите направени со Early Booking не може да се комбинират со ниту еден друг попуст!
  • доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата. 
  • за уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст не е валиден за резервации направени по цена со Early booking попуст или било кој друг тип на попуст.

Доплата за превоз (за возрасни) Македонија- Тасос -Македонија

  • Скопје 65€
  • Велес 65 €
  • Неготино 65€
  • Граничен премин 65€
  • Штип 85€
  • Струмица 70€
  • Битола 90€
  • Прилеп 90€


Важно: Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно

Важно: Задолжителна доплата за траект - 20 евра за возрасен / 15 евра за дете 2-12 години

 

- Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.

- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува возилото.

- Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

- Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...