Limenas - Hotel Lena

 

Limenas - Hotel Lena

 

Цените се со вкалкулиран попуст, одобруваме и дополнителен попуст:


7% за уплата на 50% до 15.12.2025


10% за целосна уплата до 15.12.2025

 

 

 

 

 

Хотел Лена се наоѓа во центарот на главниот град Тасос, на пешачко растојание од главната променада и првите ресторани, кафулиња и продавници. Љубезните сопственици се секогаш достапни и се стремат да го направат вашиот престој уште подобар. Овој сместувачки капацитет се наоѓа во Лименас, на 600 метри од песочната градска плажа и 150 метри од првата продавница. Собите имаат бања, балкон, клима уред и телевизор, безжичен интернет пристап и доколку ви е потребен фен за коса, сопствениците со задоволство можат да ви го позајмат. На рецепцијата има и сеф, чија употреба е бесплатна. Во собите има мал фрижидер, со мал замрзнувач. Во ходникот на секој кат има поголем фрижидер, достапен за сите, каде што можете да ги оставите вашите намирници. Недостатокот на кујна во собите го компензираат сопствениците во форма на услуга за појадок, која е вклучена во цената. Површината на двокреветните соби е до 20м2, а на трокреветните соби до 25м2. Чистењето се врши секој ден, а крпите и постелнината се менуваат на секои три дена.

GPS координати: 40.778454, 24.710603

Limenas   Hotel Lena

Цената вклучува:                                                          

  • 7 ноќевања со појадок
  • Користење на Wi-Fi
  • Собите се добиваат исчистени и со променета постелнина, а за хигиената на собата во текот на престојот се грижат самите гости.
  • Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, напуштањето последниот ден е до 10 часот наутро.
  • Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале.
  • Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.

 

Цената не вклучува:                                                            

  • Туристичка такса од 2€ по соба на ноќ, истата се плаќа директно во објектот.
  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Доплата за корситење на клима уред се плаќа на лице место 7 евра од ноќ.

             

Напомена:                                               

  • Бројот на соби кои може да се резервираат со Early Booking попуст е ограничен!
  • Агенцијата го задржува правото на промена или прекинување на Early Booking попустите пред наведените датуми на истекување.
  • Резервациите направени со Early Booking попуст не може да се комбинираат со ниту еден друг попуст!
  • Доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин, резервацијата ќе биде префактурирана по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата.
  • За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попуст на терминот со пониска цена со Early Booking попуст или било кој друг тип на попуст.

Доплата за превоз

  • Скопје 65€
  • Велес 65 €
  • Неготино 65€
  • Граничен премин 65€
  • Штип 85€
  • Струмица 70€
  • Битола 90€
  • Прилеп 90€

Важно: Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно.

Важно: Задолжителна доплата за траект - 20 евра за возрасен / 15 евра за дете 2-12 години.

- Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.

- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува возилото.

- Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

- Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...